Помина близу еден месец од смртта на легендарниот Диего Армандо Марадона, а деталите за смртта на славниот Аргентинец сè уште не престануваат да се главна тема .

Последна во низата е изјавата на поранешниот лекар на Марадона кој тврди дека Диего извршил самоубиство.

Да потсетиме, „Ел Пибе“ почина на 25 ноември како резултат на срцев удар, а најновата теорија е дека тој си го одзел животот.

Алфредо Кае, човек кој беше лекар на Марадона од 1977 до 2007 година, тврди дека тоа е токму случајот, за што зборуваше на аргентинската радио станица.

Ова не изгледа како обичен срцев удар. Кога разговарав со него, го прашав дали размислува за самоубиство. Тој ми рече „Можеби еден ден, што знам“. Диего беше уморен. Сето ова што се случи беше последица на самоубиство, во комбинација на занемарување, непромисленост и неискуство – тврди Кае.

Лекарот дал пример од болницата, каде на Марадона не му била укажана соодветна грижа.

  • Требаше да остане во болница, а не во куќа која не беше подготвена за негово закрепнување – посочува лекарот.

Никогаш лекарите не би дозволиле да замине од болницата таков пацинет , зборуваме за Марадона а не за обичен човек.

Во Куба има автобуси наречени гуагуа, а Диего еднаш се обиде да налета на еден со автомобил. Ни рече дека не го видел, но точно е дека тогаш се обидел да се самоубие. Само чудо го спаси. За мене неговата смрт беше самоубиство, тој беше уморен. Не можеше повеќе и се предаде на судбината – заклучи Алфредо Кае.