Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави денеска дека планира да испрати членови на сојузните агенции за спроведување на законот во одредени големи американски градови, додека продолжува пресметката меѓу федералните сили и учесниците во анти-расни протести во Портланд во Орегон.
Трамп ги спомена Њујорк, Чикаго, Филаделфија, Детроит, Балтимор и Оукланд во Калифорнија како можни места каде би можеле да бидат испратени федерални сили, а тој ги нарече градоначалниците на тие градови „либерални демократи“, пренесува „Гласот на Америка“.

-Ние испраќаме членови на агенциите за спроведување на законот. Не можеме да дозволиме тоа да се случи во градовите – рече Трамп, обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа.
Минатата недела федералните агенти започнаа да се пресметуваат со демонстрантите кои протестираат на улиците на Портланд скоро два месеци, од убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, заради полициска бруталност и расизам.
Агентите, во маскирна облека и во возила без обележја, неколку пати користеле солзавец и уапсиле некои активисти без објаснување.


Напишете коментар