Со брзата пруга од Белград до Нови Сад ќе се вози со 200 километри на час, а ќе се стигнува за околу триесет минути, рече српскиот министер за градежништво, Томислав Момировиќ за ТВ Б92.

Практично ќе имаме еден град, Белград и Нови Сад ќе се спојат, рече Момировиќ, додавајќи дека секој ќе може да оди во соседниот град на настан и да се врати, а тоа да биде во иста вечер.

До крајот на годината ќе ја пуштиме во употреба таа пруга. Така Белград ќе биде поврзан со Будимпешта преку Суботица. Тоа ќе значи многу заради товарниот сообраќај и туризмот, посочи тој.

Суштината е дека тоа ќе ги намали деловните трошоци и ќе ги зголеми платите на луѓето, објасни српскиот министер.

Исто ќе биде и од Белград до Ниш, додаде тој. Според него, тоа ќе биде најсовремената пруга, како на делницата Белград – Нови Сад.