Нов обид да се утврдат протоколите за начинот на реализацијата на наставата во училиштата од 1 септември ќе направи денеска Комисијата за заразни болести и работната група од Министерството за образование.
До сега беа направени повеќе напори за да се дојде до решение , но сите беа неуспешни .Комисијата за заразни болести ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи што треба да се запазат за заштита на децата и наставниците од корона вирусот во текот на наставниот процес.
Одлуката за скратени часови, како што рече, треба да има и правна рамка и да биде усогласена со законите за основно и за средно образование. Измените треба да ги донесе Собранието кое до 1 септември се очекува да биде функционално.