Уличните кучиња денес владеат со Град Скопје. За нив не важат никакви правила. Одат каде што ќе посакаат, напаѓаат кого ќе посакаат без притоа да бидат „санкционирани“. Сме биле сведоци на искасани граѓани, на уништени автомобили, на расфрлено ѓубре по контејнерите, а денес сме сведоци на еден растргнат на сите страни Паун кој со години го красеше дворот на црквата Свети Архангел Михаил во населбата Автокоманда во Скопје.

Секогаш кога граѓаните ќе реагираа за аргесивните улични кучиња кои слободно шетаат низ градот, тие веднаш беа напаѓани од Граѓанските здруженија за заштита на животните дека ниедно куче не напаѓа без да биде испровоцирано, па затоа ние денес прашуваме дали и овој преубав паун – Белан, го испровоцира кучето да го изеде и дали Белан имаше право на живот исто како што имаат и уличните кучиња?

Се ветуваа страционари, се ветуваа чуда во решавањето на проблемот со уличните кучиња, но за жал колку што луѓето повеќе седат дома, толку повеќе уличните кучиња го владеат градот.

„Толку било убавецу наш.
Белиот паун кој го красеше дворот на нашиот Храм беше нападнат од улични кучиња и буквално растргнат на парчиња. Нападот најпрвин се случил во дворот на Храмот. Белан бегајки прелетал надвор од дворот и налетал на глутница од улични кучиња.
Нашиот домакин веднаш реагирал но за жал било доцна.
Ги замолуваме сите кои можат да помогнат на било каков начин да се дислоцираат уличните кучиња кои се во кругот на студентскиот дом Стив Наумов.“ – стои во објавата на профилот на црквата Св. Архангел Михаил„ во населбата Автокоманда.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=228433675358685&id=112790480256339