Словенија и Хрватска се подготвени да учествуваат во евентуалната изградба на нуклеарната централа Кршко 2 (НЕК 2), соопштија официјални лица од двете држави.

Словенија и Хрватска веќе учествуваа во изградбата на нуклеарната централа Кршко која е во половична сопственост на енергетските компании на двете држави, а пораките на словенечките министри и државни службеници дека Словенија има намера да изгради „НЕК 2“ се прифатливи за хрватската страна.

Хрватскиот министер за енергетика, Томислав Чориќ, рече дека Хрватска е заинтересирана да добие стабилен и релативно голем извор на електрична енергија од вториот блок на нуклеарната централа Кршко.

Ако Словенија реши да изгради втор блок и да им понуди на потенцијалните партнери удел во финансирањето на овој скап проект, мислам дека Хрватска треба да размисли за долгорочен и стабилен извор на електрична енергија“, рече министерот Чориќ.

Ко-сопственичкиот однос во нуклеарната централа Кршко меѓу Словенија и Хрватска не помина без несогласувања последниве години, а прашањето за складирање на отпадот, што исто така претставува проблем во односите со Босна и Херцеговина, во моментов е нерешено.

Во овој поглед, хрватскиот министер Чориќ повтори дека словенечката понуда за заедничко складиште во Врбина не е прифатлива за Хрватска од веќе познати причини. Главната работа е дека Хрватска не би можела да го чува целиот преостанат радиоактивен отпад таму, пренесува порталот „Индикатор“.

Во моментов Хрватска произведува околу 60 проценти од сопствената електрична енергија.


Напишете коментар