Кина  ги зголемува даноците за австралиските вина за неверојатни 212 проценти. Министерот за економија на таа земја вели дека станува збор за привремени антидампинг давачки, со цел да се запре неконтролираниот увоз на австралиски вина.

Даноците ќе се зголемат од 107 на 212 проценти, што ќе доведе до зголемување на трговските тензии меѓу двете земји. Во последните месеци, Пекинг веќе ги зголеми даноците за австралискиот јаглен, шеќер, јачмен и јастог, поради растечките политички тензии.

Кинеските власти тврдат дека Австралија им продава вина по пониски цени отколку во нејзината земја. Интересно е што Кина е најголем увозник на австралиски вина, со учество од околу 39% во првите девет месеци од 2020 година.