Пејачот Драган Којиќ Кеба објави селфи од сауна и предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Имено, Кеба позираше во бањарка, а јасно се гледаа истетовираните веѓи.

– За прв пат го почувствував земјотресот во сауната. Само се тресеше … Уххх … – напиша пејачот, а многумина го коментираа неговиот изглед и истакнаа дека тој многу се сменил.

Веќе се стари вести дека пејачот направи јапонско исцртување на веѓите, а бидејќи сега беа во преден план на фотографијата, следуваа и реакции.

Инаку, Кеба е еден од пејачите на српската естрада кој преферира да ги следи трендовите во корметиката и да ги применува на себе.