Планот на Сами Кедира е до последен ден да го испочитува договорот со Јувентус и на лето како слободен агент да направи трансфер во друг клуб, а како што стојат работите, повеќе од сигурно е дека поранешниот светски шампион ќе заврши во Премиер лигата.

Кедира има огромна желба да ја искуси англиската фудбалска елита и веќе нагласи дека е во постојан контакт со Жозе Мурињо и Карло Анчелоти, па сега во последното интеврју за „Атлетик“, откри каков совет добил од страна на актуелниот менаџер на Тотенхем кого многу го почитува.

– Мурињо ми порача да ја следам мојата страст и емоциите кои ги имам за фудбалот, да ја донесам одлуката која сметам дека е правилна. Тој секогаш е таков. Максимално директен, има огромни барања и дефинитивно не сте на пикник кога работите со него. Ако немате добри перформанси, ќе добиете по вратот.

– Секогаш сум го разбирал тоа, тој секогаш го цени секој фудбалер и за него не е доволен максимумот, тој ве носи до лимитот од вашите можности, – објаснува Кедира кој вели дека со полна пареа се подготвува за Премиер лигата.

– Премиер лигата недостасува во мојата колекција и играњето во Англија за мене ќе претставува шлаг на тортата. Прават екстра сесии со голем интензитет и брзина за да се навикнам на темпото во Премиер лигата, – додава Германецот кој по секоја цена сака да заврши на Островот.

извор : дерби мк