Актерката Кејт Бекинсејл во интервју со водителот Хауард Стерн открила дека има коефициент на интелигенција 152, но дека лекарите и рекле дека би била посреќна доколку е 30 отсто помалку интелигентна.

Актерката тврди дека високиот коефициент на интелигенција не и се исплати во кариерата.

Секој лекар, секој човек што некогаш сум го сретнала, ми рекол дека би била многу посреќена кога би била 30 отсто помалку интелигентна. Тоа навистина не ми прави ништо добро. Тоа не е корисно во мојата кариера. Мислам дека тоа е всушност хендикеп за мене, додаде таа …

Актерката тврди дека била на тест за интелигенција кога била помлада, а дека на тоа ја иницирала нејзината мајка.

Кејт е родена во Лондон, се школувала на престижниот Оксфорд, каде студирала француска и руска литература. Но, поради актерската кариера се откажала од студиите, а кон крајот на 90-тите години се преселила од Лондон во САД.