Многу емотивни сцени пред мечот Бока јуниорс и Њуелс олд бојс.

Откако скоро сите официјално се збогуваа со Диего Армандо Марадона, кој неодамна почина на 60-годишна возраст, на ред дојде Бока јуниорс – клубот кој му беше скоро сè на Ел Пибе (покрај Наполи) и за кој тој некогаш играше!

Судбината сакаше Бока да биде домаќин во Лига купот, кој сега го носи името на Марадона, и на стадионот Бомбониера да им биде домаќин на Њуелс олд бојс, а за таа екипа Марадона исто така играше на крајот од својата кариера.

Немаше навивачи на трибините, но имаше голем број на транспаренти посветени на Марадона – додека сите играчи на Бока носеа ретро дресови на кои пишуваше само „Марадона“.

Гостинскиот играч за врска Макси Родригез исто така имаше специјално дизајнирана капитенска лента, додека напаѓачот на Бока, Карлос Тевез не беше во можност да игра. Причината беше дека смртта на Диего се уште ја нема преболено. Тој дури беше на на неговиот погреб.

Немаше навивачи, но семејната ложа на Марадона не беше празна. Во неа, со солзи во очите, беше неговата ќерка Далма, која требаше да добие одредени почести по натпреварот.

Откако истече едната минутата молк, сите играчи на теренот му аплаудираа на Диего.