Овие километарски гужви не се бидејќи се делат бесплатно леб и храна, туку да се извади тест за да можат да одат на годишен одмор!

Пред Институтот Торлак во Белград со денови се формираат километарски колони со луѓе кои чекаат за да бидат тестирани за вирусот на корона. Уште поголеми гужви се направија по одлуката на Црна Гора да ги отвори своите граници.

Првиот во редот вели дека дошол синоќа во 20 часот да го заземе своето место, а работното време на институтот почнува во 8 часот наутро. Поради сознанието дека чекањето ќе трае, многу луѓе донеле столови, чадори, шишиња со вода.

Во Институтот Торлак нема закажувања, а резултатите се добиваат во рок текот на истиот ден.

Еден дел од граѓаните кои се во километарските редови всушност дошле на тестирање заради патувањето во Црна Гора, но сепак има уште повеќе од оние кои планираат службено патување или летен одмор во друга земја.

Освен граѓани од сите делови на Србија, во редовите за чекање има и луѓе кои се дојдени од Македонија, Република Српска. Причината е што тестирањата во Торлак не се закажуваат, а резултатите се добиваат во текот на истиот ден.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *