Ким Џонг Ун прогласи вонредна состојба и целосно затвори еден град заради првиот случај на корона во Северна Кореја!
Ким Џонг Ун целосно го затвори градот Кисонг и прогласи вонредна состојба откако во тој град е забележан првиот случај на вирусот корона во Северна Кореја, пренесува РТ.
Инфицираното лице се сомнева дека нелегално ја преминало границата, објави Ким на итен состанок одржан за борба против епидемијата.
Како што објави Ким, веднаш штом бил известен за инцидентот на 24 јули, тој целосно го блокирал Кисонг и ги изолирал окрузите едни од други.
Водачот на Северна Кореја во саботата свика итен состанок за да разговара за опасната состојба во овој град, што може да доведе до смртоносна и погубна катастрофа.


Напишете коментар