Севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун им посака на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија брзо закрепнување од ковид-19, пренесува Асошиејтед прес.
Ким искрено се надева дека Доналд и Меланија Трамп ќе се опорават што е можно поскоро и им испраќа честитки, објави корејската новинска агенција КЦНА.

Трамп во петокот објави дека тој и неговата сопруга се позитивни на вирусот корона. Лидерите ширум светот им посакаа брзо закрепнување.

Ким и Трамп еднаш разменија навреди и закани за целосно уништување, откако Северна Кореја спроведе серија тестови со оружје во 2017 година, насочени кон стекнување можност за извршување нуклеарен напад врз САД.