Ким Кардашјан-Вест продолжи да споделува фотографии и видеа направени за време на контроверзното роденденско патување на приватен остров и покрај негативните реакции на јавноста поради големи собири среде пандемија.

Во најновата објава во неделата Ким сподели видео на кое таа и сопругот Канје Вест шетаат по егзотично крајбрежје на приватен остров.

Ким неодамна наиде на критики на социјалните мрежи кога се пофали со раскошниот тропски одмор што го организира за семејството и пријателите во време на пандемија. Таа го прослави својот 40-ти роденден на приватен остров со голема група семејство и пријатели, без социјално дистанцирање или заштитни маски.