Американските медиуми денес го преплавија интернетот со шокантни сознанија дека севернокорејскиот лидер КИМ примил вакцина против ковид-19.

Во првото соопштение се наведуваше дека само Ким ја примил вакцината , но подоцна излегоа информации дека целото негово семесјство било вакцинирано од ковид-19.

Хери Казианис, кој се повикува на два неидентификувани разузнавачки извори од Јапонија, е експерт за Северна кореја во тинк тенк Центарот за национален интерес во Вашингтон. Тој вели дека е вакцинирано семејството Ким и неколку високи функционери во Северна Кореја, пренесе „Ројтерс“.

Не е познато која компанија ја испорачала својата пробна вакцина до семејството Ким и дали е докажано дека лекот е безбеден, додал тој.

Повикувајќи се на американскиот медицински експерт Питер Хотез, Казианис навел дека најмалку три кинески компании развиваат вакцина против коронавирусот.

Дали ова е точно не можеме да тврдиме , но сепак американските медиуми го пренесуваат овој настан . Тие велат дека кога Ким ја примил вакцината тогаш зошто не би можеле и американците како најмоќна нација на светот.

Некои експерти се сомневаат дека Ким би примил експериментална вакцина.