Кинеското Министерство за надворешни работи го опиша американскиот државен секретар во заминување Мајк Помпео како „кловн “ и рече дека неговата објава дека Кина е геноцидна земја и земја на злосторства против човештвото е чиста глупост рамна на објава на кловн.

Обвинувањата за неправда кон муслиманското малцинство во кинескиот регион Ксинџијанг се „резултат на сензационалистички, лажни проценки и злонамерна фарса на антикинески и антикомунистички лица, претставени од Помпео“, изјави портпаролот на Министерството Хуа Чунинг, пренесе АП.