Кинескиот лекар Ли-Менг Јан, која избега од татковината затоа што добиваше закани, тврди дека вирусот корона потекнува од воена лабораторија и дека Светската здравствена организација претходно криела дека станува збор за вештачки направена инфекција.

Таа откри дека вирусот е намерно направен во една од лабораториите за време на експериментот со коронавируси на лилјаци, но Кина ги негираше нејзините тврдења.

Минатиот декември, таа работеше како виролог на Универзитетот во Хонг Конг во лабораторијата за јавно здравје, што е во исто време и центар на СЗО за проучување на заразни болести. Нејзиниот претпоставен, професорот Лео Пун, ја замоли да ја испита мистериозната појава на вирус многу сличен на САРС во кинескиот град Вухан, од кој започна пандемијата на вирусот корона. Патем речено, Професорот Пун беше еден од научниците кои учествувале во откривањето на геномот на вирусот САРС во 2003 година.

Според светските медиуми, тоа што го открила д-р Јан, официјален Пекинг го игнорирал и прикривал. Таа, уште во јануари знаела дека во Вухан се појавиле жариштата каде што вирусот се пренесувал од човек на човек и меѓу семејствата. Таа исто така знаеше дека има повеќе заразени луѓе во тој град отколку што се кажуваше во официјалните податоци.

Тие не сакаа јавна дискусија, тие само им порачаа на луѓето да не се грижат, изјави д-р Јан за „Fox news“ и рече дека е голема лага дека вирусот започнал да се шири од пазарот во Вухан.

Како што вели, д-р Јан таа не била единствениот медицински работник кој сакал да ја претстави вистината за вирусот корона пред јавноста. Осум лекари беа уапсени на 23 јануари поради предупредувањето за вирусот корона, што го споделија на социјалните мрежи. Тие беа обвинети дека „шират невистини“. Потоа, еден од нив , д-р Ли Венлианг, почина на 7 февруари.

Д-р Јан сфатила дека мора нешто да направи откако започна глобалното ширење на коронавирусот, односно се појавија жариштата во Ломбардија, Италија, како и на кризерот Diamond Princess
кој тогаш пристигна во пристаништето во јапонскиот град Јокохама. Тогаш вирусот „избувна“ во Северна Кореја, Иран, Блискиот исток, итн.

Бидејќи бројот на мртви почна да расте, таа сфати дека има знаење за овој вирус и дека нејзината земја се обидува да покрие сè. Според странските медиуми, на лекарите им било кажано да даваат дијагноза само за пациентите кои се поврзани со пазарот во Вухан.

Сфатив дека ова е аларм за целиот свет. Повеќе не можев да молчам, изјави таа за американската Fox News.

Исплашена од фактот дека има информации што можат да спасат многу животи, 36-годишната докторка реши да избега во Соединетите држави. Тоа беше тешка одлука, затоа што е во брак, но и единствено дете во фамилијата каде татко и работи како инженер, а мајка и како учителка.

Таа знаеше дека ако замине, никогаш нема да може повторно да го види своето семејство и дека тие може да бидат казнети за нејзиното бегство и државната тајна што ја открила. Таа вели дека знаела дека веројатно ќе биде убиена доколку ги открие информациите додека била во Кина.

Исплашена и со мал куфер, на 28 април таа со авион пристигна во Лос Анџелес каде на властите им ја раскажа нејзината приказна и побара дозвола да остане во Америка.

Во исто време, нејзината канцеларија и куќа биле претресени, а кинеските властите им се заканувале на нејзините роднини. Дури и нејзините родители биле принудени да кажат дека е таа лажливец и предавник.

Кинеските власти ја нападнаа нејзината репутација, дискредитирајќи ги нејзините тврдења. Како дел од тоа, Универзитетот во Хонг Конг издаде соопштение во кое се вели дека нејзината изјава нема никаква врска со клучните факти.

Д-р Јан никогаш не спроведувала истражување за пренесување на вирусот од човек на човек во периодот од декември 2019 до јануари 2020 година, се наведува во соопштението.


Напишете коментар