Кина од пред два месеци им давала експериментални вакцини на повеќе групи луѓе кои се соочуваат со висок ризик од инфекција со коронавирус, изјави денеска официјалниот претставник на Националната здравствена комисија Џенг Џонгвеј за државните медиуми.

Тој додаде дека целта е да се зајакне имунитетот на одредени групи на луѓе, вклучително и здравствените работници и луѓе кои работат на пазарите и во секторите за транспорт и услуги, пренесува Ројтерс.

Џонгвеј рече дека кинеските власти би можеле да размислат за проширување на програмата за итни случаи во помал обем, во обид да спречат евентуалните жаришта за време на есента и зимата.

Ниту една вакцина сè уште не ги поминала финалните и конечни испитувања од големи размери за да се докаже дека е доволно безбедна и ефикасна за да ги заштити луѓето од можноста за заразување со коронавирусот, од кого починаа повеќе од 800.000 луѓе ширум светот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *