Американскиот политиколог Франсис Фукујама оцени дека Црна Гора претставува мал дел од поголемиот феномен на земјите во развој кои се презадолжени од Кина и кои понизно одат во западните финансиски институции, со цел да се избегне можноста за предавање на колатералот на Кинезите, пренесуваат Вијести.

Тоа, додава тој, веќе им се случи на Шри Ланка и Пакистан, кои минатата година станаа предмет на спасување на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Фукујама, во написот за интернет магазинот American Purpose, пишува дека проектот на автопатот Бар-Болjаре бил контроверзен од самиот почеток.

Бројни приватни изведувачи од западот размислуваа да дадат понуди (за изградба на автопат), но банките што ќе ги финансираат сметаа дека со патарината нема да започне со враќање на очекуваните трошоци, кои во тоа време се проценуваа на скоро милијарда евра. Кинезите со задоволство влегоа во игра со својата Иницијатива 16 + 1 (денес 17 + 1), со цел да создадат влијание во дворот на ЕУ, наведува Фукујама.

Тој посочува дека вкупниот долг на Црна Гора изнесува над 103 проценти од БДП и дека државата се соочува со можност да не може да ги врати долговите.

Новоизбраната црногорска влада апелираше до ЕУ да ги спаси, што би значело дека Европа ја спасува кинеската ексим банка, која држи 17 проценти од вкупниот надворешен долг на земјата, пишува американскиот политиколог.

Фукујама нагласува дека некои тврдат дека Кина намерно направила вакви аранжмани, како дел од стратегијата на „дипломатијата на должничка замка“ .

Многу зделки, додаде тој, беа склучени преку преговори меѓу автократските и или корумпираните влади, кои ги игнорираа предупредувањата од Западот, во надеж дека ќе добијат брза политичка корист.