Кинескиот милијардер и основач на Алибаба, Џекер Ма, не се појавуваше во јавноста повеќе од два месеци, па медиумите шпекулираат дека тој исчезнал.

Тој не се појави во последната епизода од сопственото шоу „Африкански деловни херои“, во кое беше еден од судиите. Него го замени извршниот директор на Алибаба, Луси Пенг, а неговата слика беше отстранета од веб-страницата, пренесува Индекс.

Портпарол на Алибаба изјави дека Ма не бил во жирито „поради конфликт во распоредот“, пишува Фајненшл тајмс.