Амбасадорот на Народна република Кина во Израел, Ду Веи пронајден е мртов во својот стан во предградието на изаелскиот главен град Тел Авив. Израелската полиција ја потврди веста за смртта на Ду Веи и започна истрага за причините за смртта на кинескиот амбасадор.

Според информациите на израелските медиуми амбасадорот беше пронајден мртов во својот кревет, а причините за неговата смрт сѐ уште не се објавени. Тој беше поставен за амбасадор на НР Кина во Израел во февруари оваа година, а пред тоа беше на чело на служба во Украина.

Во едно свое интервју во април, Ду истакна дека по доаѓањето во Израел бил во 14 дневен карантин поради епидемијата на Корона вирусот во Кина.


Напишете коментар