Сајбер војна беснее над вакцините: Тие со месеци сакаат да ги украдат нашите податоци. Еве за кого станува збор

Мајкрософт објави дека открил дека руски и севернокорејски хакери, поврзани со владите на тие земји, се обидувале да украдат вредни податоци од водечките фармацевтски компании и истражувачи на вакцини, пренесува АП.

Денешната објава на нивната официјална страна вели дека повеќето напади во последните месеци биле неуспешни, но тие не дадоа информации за тоа колку напади биле успешни и колку биле сериозни тие обиди.

Кинески хакери поддржани од државата исто така беа насочени кон производителите на вакцини, соопшти американската влада во јули.

Мајкрософт соопшти дека повеќето од целите биле лоцирани во Канада, Франција, Индија, Јужна Кореја и САД, а претежно сите биле вклучени во истражување на вакцини и лекување на Ковид-19. Тие додадоа дека повеќето имале вакцини во различни фази од клиничкото испитување.

Компанијата идентификуваше една од хакерските групи поддржани од Русија. Тоа е група наречена „Fancy bear”, составена од руски воени агенти за кои британскиот национален центар за сајбер безбедност изјави дека летово стојат зад ваквите обиди. Другите две групи беа севернокорејската група Лазарус и групата за која Мајкрософт тврди дека се нарекува Цериум.

Повеќето кражби вклучувале обиди за кражба на ингеренциите на лицата поврзани со овие организации. Групата Лазарус се претстави како организација која регрутера луѓе за работноти места, додека Цериум имаше за цел преку електронски пораки да се претставуваат како членови на Светската здравствена организација.

Објавата на официјалната страна се совпадна со појавувањето на претседателот на Мајкрософт Бред Смит на меѓународен форум каде ги повика државите да ги заштитат здравствените установи од сајбер напади.