Кинескиот професор, кој беше меѓу првите што предупреди за опасноста од пренесување на вирусот корона од човек на човек, вели дека не можат да соберат научни докази од пазарот во Вухан затоа што таму биле „исчистени“ сите докази!

Кинеските власти во Вухан можеби го „прикриле“ бројот на раните коронавирусни инфекции и „го исчистиле местото на злосторството“ на влажниот пазар пред да истражат дали смртоносната болест може да се случи токму таму, рече професорот Квок-јунг Јуен.

Говорејќи за ББС, професорот рече дека функционерите во Вухан можеби го „прикриле“ првичниот број на инфекции што се ширеле во Кина.

Кинескиот професор, кој беше првиот што ги предупреди властите дека вирусот може да се пренесе од човек на човек, тврди дека кога се распрашувал за пазарот во Вухан, за кој постои сомневање дека е извор на „Ковид-19“, областа била исчистена пред тој да успее да ги собере научните докази.

Кога отидовме на пазарот во Вухан, немаше ништо затоа што претходно беше исчистено. Можеме да кажеме дека местото на злосторството било исчистено, така што не можевме да го идентификуваме животното домаќин што го пренесуваше вирусот на луѓето – рече лекарот.

Верувам дека направиле некаков вид локално прикривање во Вухан. Локалните власти кои требаше веднаш да ги поврзат информациите не дозволија да се изврши толку брзо како што треба – посочи тој.

Кина постојано ги негираше сите обвинувања за прикривање на развојот на епидемијата на вирусот корона, која се шири низ целиот свет.

Азија сега се бори со вториот бран на корона вирусот и земјите уште еднаш се борат да ја поразат епидемијата.

Во последните 24 часа во Кина потврдени се 57 нови случаи на коронавирус, што е најголемото дневно зголемување откако ширењето на инфекцијата беше ставено под контрола во март.


Напишете коментар