Кинеските инвеститори се подготвени да изградат рафинерија за нафта во Смедерево, а проценетата вредност на инвестицијата е 2,6 милијарди евра.

Претставници на кинески инвеститори изразија подготвеност, откако ќе се договорат и усогласат сите прашања со Работната група што ќе ја формира Владата на Србија, да започнат со спроведување на проектот во април 2021 година, а приближниот рок за завршување на првата фаза ќе биде четири години, соопштено е од српскиот Национални совет за координација на соработката со Руската Федерација и Кина.

Националниот совет го објави тоа по состанокот што се одржа во неговото седиште. Се состанаа претставници на Работната група и кинески инвеститори, а претседаваше Томислав Николиќ, претседател на Националниот совет.

На состанокот присуствуваа и Ивица Којиќ, шеф на канцеларијата на претседателот на Србија и Драган Стевановиќ, државен секретар на Министерството за економија.

Средбата следеше по состаноците на претставниците на кинеските инвеститори со претставниците на инфраструктурните јавни претпријатија на Република Србија. Планирано е рафинеријата да се гради на местото каде што некогаш беше планирана изградбата на рафинеријата, објави Националниот совет.

Како што се додава во соопштението, во рафинеријата би се произведувало еуро 6 и емисијата на штетни гасови би била нула. Компании од Германија и САД ќе учествуваат во производството на опремата.