Нов кинески стелт-бомбардер, вооружен со нуклеарни ракети, би можел да стигне до американските воени бази кои се далеку од границите на Кина, објави британскиот институт за тинк-тенк со седиште во Лондон.

Kineska vojska

„Вооружен со нуклеарни и конвенционални ракети, Х-20 би бил голем чекор напред во споредба со предходните искуства за развој на опрема за кинеските воени сили“, изјави Кралскиот институт за услуги во Лондон.

Во својот извештај за воената моќ на Кина за 2020 година, американското Министерство за одбрана изјави дека Х-20 веројатно ќе има домет од најмалку 8.500 километри (5280 милји).

Тоа значи дека бомбардерот може лесно да се насочи кон американската база во Гуам, стратешката американска територија на околу 3.000 километри од кинескиот брег, пренесува „Дејли меил“.

Кинеската армија објави план за развој на овој бомбардер во 2016 година, а според кинеските медиуми, тој требаше да биде претставен овој месец. Сепак, поради епидемијата на вирусот корона, овој план беше одложен.

Бомбардерот, како што се додава, ќе може да носи максимален товар од 200 тони.