Кина планира да вакцинира 50 милиони луѓе против коронавирусот пред почетокот на патувањата за лунарната новогодишна сезона на почетокот на 2021 година, објави во петокот South China Morning Post.

Кинезите патуваат секоја година да ја прослават лунарната или кинеската нова година со своите семејства, која се нарекува и фестивал на пролетта.

Пекинг планира да дистрибуира 100 милиони дози вакцини од кинеските производители Sinopharma и Sinovac Biotech, пишува весникот.

Кина даде итно одобрување за две вакцини Синофарма и една вакцина Синовац Биотех. Исто така, ја одобри и четвртата, произведена од Сино Биолоџикс АД, за воена употреба.

Во извештајот на весникот се вели дека од кинеските власти било побарано да ги завршат вакцинациите со првите 50 милиони дози на вакцината до 15 јануари, а другите до 5 февруари.

Целта на масовната вакцинација на групите со висок приоритет е да се намалат ризиците од ширење на болеста за време на празниците, додава весникот.

Групите со висок приоритет ги вклучуваат здравствени работници, полиција, цариници, вработени во транспортот и логистика.

Кинеската провинција Сечуан може да започне со вакцинирање на стари лица и оние со хронични заболувања на почетокот на јануари по вакцинирањето на приоритетните групи, соопштија официјалните лица.