Првата одобрена кинеска вакцина против Ковид-19 е ефикасна против новиот сој на вирусот корона, објави денес фармацевтската група ЦНБГ.

„Тековната мутација на вирусот не ја направи вакцината неефикасна“, рече претседателот на ЦНБГ, Јанг Кјаоминг, за државната телевизија.

Кинеската лабораторија „Синофарм“ минатата недела објави дека една од нејзините вакцини, што ја разви со ЦНБГ, е ефикасна за 79 проценти.