Кина вели дека ќе го забрза процесот на производство колку што е можно повеќе. Велат дека сакаат да произведат што повеќе дози за да го спасат светот.

– Кина денеска соопшти дека нејзината царинска служба треба да му даде приоритет при постапувањето во извозот на вакцините против Ковид-19 и да го олесни нивното царинење.

Царината треба да ги постави како приоритет, процедурите за инспекција на превозниците вклучени во извозот на вакцини против Ковид-19 и да го олесни царинењето на овие пратки, соопшти кинеското Министерство за транспорт во упатствата за логистика на вакцини против Ковид-19.

Вакцината „КоронаВак“ на кинеската компанија Синовак се испраќа во Индонезија, Турција и Бразил за масовна имунизација, додека некои земји, вклучувајќи ги Египет и Обединетите Арапски Емирати, ги добија потребните дози од кинеската национална фармацевтска група Синофарм.