Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави скарениот список на кој има 23 ракомети кои ќе конкурираат за првиот тим за квалификацискиот двомеч против Данска за пласман на ЕП 2022 година.

Меѓу повиканите се и Дејан Манасков и Гоце Георгиевски кои не беа дел од Македонија на Светското ракометно првенство во Египет. Филип Миркуловски исто така е повратник во националниот дрес.