Орците, познати и како „китови убијци“, во последните две недели нападнаа четири едрилици крај северниот брег на Шпанија, предизвикувајќи немир кај туристите.

Ноќта од понеделник до вторник, во интервал од само три часа, две едрилици морале да побараат помош од брегот, откако црни животни, долги од 7 до 8 метри и со тежина од пет тони, влетале во трупот на бродот. И во двата случаи, орките го уништија кормилото, па едрилиците на отворено море чекаа спасувачките бродови да ги влечат на пристаништето.

Двата напади се случија покрај брегот на Галиција, провинција во северна Шпанија.

Првиот напад следи нешто по полноќ кога рекреативниот едриличар „Амадеус“, со двајца Французи на него, почувствува силни удари. Во темница, орките нуркаа, а потоа удрија во едрилицата, осветлена со ламбата на еден од членовите на екипажот, покажува видео објавено од службата за спасување.

Едрилицата беше на пат од градот Сантандер кон Коруња, но откако кормилото не успеа од силината на ударите, мораше да го запре патувањето и да го чека бродот на Црвениот крст што го влечеше до пристаништето на блиското место.