Келијан Конвеј, поранешна виша советничка на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека е позитивна на коронавирусот, исто како и менаџерот на кампањата на Трамп, Бил Степиен, кои се последните членови на опкружувањето на претседателот на кои им е дијагностициран коронавирус, пренесоа американските медиуми.

Вечерва тестирав позитивно на ковид-19. Моите симптоми се лесни (лесна кашлица) и се чувствувам добро, напиша Конвеј на твитер.

Почнав процес на карантин во консултација со лекарите, додаде таа.

Конвеј беше на настан во Роуз Гарден, во Белата куќа, во саботата кога беше објавено номинирањето на новата судијка како предлог на Трамп за судија за Врховниот суд на САД.

Политико беше првиот кој извести, а подоцна беше потврден и од персоналот на Трамп дека е позитивен на коронавирусот и водачот на кампањата Бил Степиен. Веста доаѓа неколку часа откако заразениот Трамп беше примен во болница.

Степиен отпатува на претседателската дебата во Кливленд во вторникот и се врати назад со Трамп и другата соработничка, Хоуп Хикс, на која исто така и беше дијагностициран коронавирус.

Тој во понеделникот беше во Белата куќа и имаше средба со претседателот.