Седум лица починаа, а најмалку 177 се заразени откако присуствувале на свадба – ова е тажната статистика забележана во американската држава Мејн, јавија американски медиуми.

На прославата присуствувале 65 лица додека максимално дозволен број поради пандемијата е 50 лица.

Венчавката се одржала на 7 август, со верска церемонија во баптистичка црква, а потоа и хотелски прием. Двете места се близу до живописниот град Милинокет со 4.000 жители во државата Мејн. По 10 дена, 24 лица поврзани со настанот се заразени со коронавирус, а вчера беше објавено дека 177 веќе биле заразени и дека седум лица починале од Ковид-19.

Од починатите само еден не присуствувал на венчавката.