По премиерот Мишустин и портпаролот Песков, и министерот за образование Валери Фалков е заразен со корона вирусот.

Тој е шестиот висок руски функционер кој е позитивен на корона вирус во Русија каде има повеќе од 250.000 заразени.

Говорејќи преку видео-врска, на владината седница, Путин рече дека не е тајна дека Валери Фалков, министер за наука и високо образование бил позитивен но дека се опоравил и се чуствува добро.

Фалков е четвртиот член на владата на Путин, за кој се знае дека е заразен со ковид 19, вклучувајќи го и премиерот Михаил Мишустин, кој сè уште се опоравува, но присуствуваше на најмалку една владина седница преку видео-врска.

На почетокот на неделата беше објавено дека портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков е исто така заразен од корона и има белодробна пневмонија.

Кремљ информираше дека здравствените мерки за Претседателот Путин се на највисоко ниво и дека повеќето од неговите неодамнешни јавни настапи биле состаноци на владата на кои тој учествувал преку видео-врска од просторија во неговата резиденција надвор од Москва.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *