Италијанските медиуми повторно јавуваат дека македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас би можел да го напушти Наполи во јануарскиот преоден рок.

Според „Тутоспорт“ за услугите на нашиот репрезентативец сериозно е заинтересирана Парма која се наоѓа во резултатска криза и која ќе мора да прави промени во јануари со цел да склопи што посилен состав со кој би обезбедила опстанок во елитното друштво во Италија.

Токму Елмас е еден од играчите кои „млекарите“ го посакуваат како позајмен фудбалер, а од Наполи ги следат уште и Кевин Малкуи и Лоботка.

Наводно со десниот бек, Малкуи работата е готова, а Парма во следниот период ќе се обиде да ги убеди челниците на Наполи да ги пуштат и Елмас и Лоботка.

Освен овој троец од Наполи, Парма е заинтересирана и за напаѓачот на Фрајбург, Винченцо  Грифо кој досега има постигнато седум погодоци и четири асистенции во 14 средби од Бундеслигата.

извор : дерби.мк