Емили Марфи, шеф на клучнатa федерална агенција на САД која мора да ја одобри претседателската транзиција по изборите во САД и да го признае Бајден за победник, во понеделникот испрати писмо упатено до Бајден во кое го информира дека може да започне преминот од администрацијата на Доналд Трамп кон новата администрација.

Така, Бајден беше де факто и официјално беше прогласен за избран американски претседател, и овој формален потег ќе му овозможи прилив на финансиски средства потребни за комплицираниот процес на пренесување на власта.

Писмото од Емили Марфи, кое стигна и до Белата куќа, го објави Си-Ен-Ен неколку часа откако портпаролката на нејзината агенција, наречена (ГСА), објави дека ќе разговара за ова прашање со претседателот на Претставничкиот дом и републиканците.

Формалното признавање на резултатите од изборите во САД од страна на ГСА е клучно за трансферот на власта од администрацијата на Трамп во тимот на Бајден, што се смета за суштинско значење за националната безбедност.

На национално ниво, Бајден освои скоро 80 ​​милиони гласови на изборите, додека актуелниот републикански претседател Трамп освои 74 милиони гласови.