Koвачевски: Честит нека ни е Денот на македонскиот јазик 5 Мај!

На овој ден кога го празнуваме македонскиот јазик, оддавам должна почит на сите создаватели на македонскиот литературен јазик.

Со гордост можам да кажам дека ја исполнуваме мисијата и визијата на нашите предци. Македонскиот јазик денес е дел од нашата лична карта во Обединетите нации, а со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС, тој е вграден во европското законодавство.

Ќе продолжиме и понатаму да се грижиме за македонскиот јазик бидејќи „се додека го чуваме и негуваме јазикот наш македонски“, како што вели нашиот великан Блаже Конески, „ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Како куќа, како дом, како огниште“.