Koвачевски: Чест и задоволство ми е што сме домаќини на дијалогот меѓу Србија и Косово

Утрово, пред почетокот на дијалогот меѓу нашите соседи Србија и Косово, му посакав успешен и продуктивен ден на мојот пријател Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУза надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија.

Чест и задоволство ми е што сме домаќини на дијалогот меѓу Србија и Косово, тука во нашиот прекрасен Охрид. Ние сме земја која гради пријателства и сме пример за добрососедство. Силно веруваме во дијалогот како форма на комуникација во 21 век, како единствен пат кој води кон напредок и развој. Нашата цел е влез во Европската Унија заедно со соседите. Развиен Западен Балкан интегриран во ЕУ е приоритет.