Најмногу гласови на вчера завршените парламентарни избори во Македонија освои коалицијата предводена од СДСМ и Зоран Заев. Коалицијата Можеме освои 324.084 или 36,12 отсто од гласовите. На второ место по освоените гласови е коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со освоении 312.745 гласа или 34,85 отсто. Или разликата меѓу двете водечки партии, според првичните нефицицијални резултати на изборите изнесува 11.339 гласа. Така, според првичните неофицијални резултати, заврши најнеизвесните избори во државата по воведување на повеќепартискиот систем.

Во албанскиот партиски кампус, ДУИ освои 101.432 или 11,3 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива 76.425 или 8,57, а партијата ДПА 13.553 или 1,52 отсто.

Од останатите партии што учествуваа на изборите партијата Левица предводена од Димитар Апасиев освои 37.057 или 4,16, а од останатите партии кои учествуваа на изборите повеќе од еден отсто освоени гласови има партијата Интергра на Љупчо Ристовски или 11.335 или 1,34 отсто. Сите други партии што учествуваа на изборите немаат освоено или ја немаат помината границата од освоени 0,4 отсто.

Врз база на ваквите изборни резултати, и првичните неофицијални симулации на пратенички мандати, направени од Државната изборна комисија, врз база на обработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места, во новиот парламентарен состав, коалицијата Можеме предводена од СДСМ ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијансата за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден мандат. Останатите девет партии и коалиции учесници на изборите не освоиле ниту еден пратенички мандат.

По 15 септември 2002 година, значи по скоро 18 години, СДСМ победи на едни парламентарни избори во Македонија. Во меѓувреме, ВМРО ДПМНЕ предвиодена од Никола Груевски поведи на изборите во 2006, 2008, 2011, 2014 и 2016 година.

Со вчерашната победа Зоран Заев како лидер на СДСМ е трет лидер на една од двете големи партии кој успеал да победи во низа на парламентарни, претседателски и локални избори во Република Македонија.

На вчерашната прес конференција, по завршувањето на изборите, лидерот на СДСМ и на коалицијата Можеме, Зоран Заев најави две клучни точки кои ќе бидат камен темелник на новата влада, а тое е ред економија и ред правда.


Напишете коментар