Коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, лидерот на ДПС или Демократската партија на Србите во Македонија, во интервјуто за белградска политика призна дека по изборите разговарал/преговарал со Зоран Заев да биде дел од новото мнозинство, но се договориле.

Едно од клучните барања на Стоилковиќ, коалицискиот партнер на Мицкоски, било да биде регистрирана црквата на Јован Вранишковски во Македонија.

За Стоилковиќ, ПОА или Православната Охридска Архиепископија во Македонија е канонски призната црква ( за разлика од МПЦ-ОА која нели не е канонски призната за СПЦ) и таа треба да биде регистирирана во Македонија.

Плус како што вели Стоилковиќ тој не можел да биде во влада која не изразила сочуство до Србија за смртта на патријархот Иринеј кој беше на чело на СПЦ која не ја признава Македонската Православна Црква-Охриска Архиепископија како канонска призната црква.

Еве го клучниот дел од интервјуто на Стоилковиќ за Политика.

ПОЛИТИКА: Аналитичарите препорачуваат партиите на националните малцинства во Србија секогаш да бидат на власт. Зошто не можевте да најдете заеднички јазик со Зоран Заев и СДСМ?

СТОИЛКОВИЌ: Ние Начелно постапуваме во согласност со таквиот став, сме биле во коалиции и со СДСМ и со ВМРО. Проблемот настана кога се појави директна антисрпска приказна. Не можевме да бидеме соучесници во такво нешто. Може ли да бидам дел од владата што не изрази сочувство до Србија за смртта на патријархот? Дали треба наскоро да бидам доведен во ситуација да гласам дека се „Србите геноциден народ“? Јас нема да го прифатам тоа.

Разговарав со Заев кога завршија изборите оваа година, затоа што тој има слабо мнозинство и затоа што му недостасуваат и Србите. Имав две цврсти барања: регистрација на канонската Православна Охридска Архиепископија според пресудата на судот во Стразбур и загарантирани места во Собранието. На зборови добив се, но во реалноста ништо.