Се остварија прогнозите на метеоролозите и во поголем дел на Балканот во текот на вечерта паѓаше снег. Вчера вечер падна снег во Мостар, но и во делови на Далмација.
Олујна бура имаше во Каштела, мало гратче близу Сплит. Ваквото време во овие области не е вообичаено дури и во текот на зимските денови, а камоли во текот на пролетта.
Улиците на Сараево вчера беа покриени со снег.
Освен во Сараево, снег паѓаше и во другите делови низ БиХ.
Сепак, судејќи според прогнозите на метеоролозите, студеното време со врнежи нема да трае долго, а за неколку дена повторно ќе имаме убаво и сончево време.