Четири лица беа примени во болницата на опсервација како мерка на претпазливост.

Поради индивидуални грешки при подготовката на вакцината, осум вработени во дом за стари лица во Стралзунд, Германија, добиле петпати поголема доза од препорачана доза од вакцината против коронавирусот.

По инцидентот во неделата, седум жени и еден маж беа испратени дома.

Како што изјави шефот на областа Вормпомер Руген, Стефан Керт, четири лица биле примени во болницата на опсервација како мерка на претпазливост.

Тие покажаа симптоми слични на грип.

Од службите во тој регион рекоа дека, според информациите на Бионтех, повисоки дози на вакцина во фаза 1 од студијата веќе биле тестирани на испитаници без сериозни последици. Не се пријавени трајни несакани дејства.