Хабиб Нурмагомедов, веројатно најдобриот борец во УФЦ, пред две недели објави дека става крај на својата пребогата и успешна кариера. Се претпоставува дека Дагестанецот заботил вистинско богатство и сега може мирно да си живее во своето село.

Сепак не било се така сјајно за него, посебно не на почетокот на својата кариера, кога живеел во САД.

За тие моменти говори тренерот Хавиер Мендез.

“Знаев дека ќе биде шампион, но не знаев дека ќе биде со мене. Кога дојде од Русија во САД, во градот Сан Хозе во таа 2012 година, навистина му беше тешко. Немаше пари, беше многу скапо за него и едвај преживуваше. Бараше место каде ќе може да престојува и го најде кај извесна Каролин Вебстер. Таа имаше мали кучиња и еден ден ги нашла надвор, Хабиб ги истерал од домот поради тоа што се плашел од нив. Интересно е тоа што тој кога престојуваше кај Каролин својата облека и својата опрема ја сушеше на дрва. Еден ден Каролим ме повика и ми рече дека Хабиб не може веќе да биде кај нејзе. И така и беше, тој си замина без никаков проблем“ потенцираше Мендез.