Сонер Чагаптај е директор на Турската истражувачка програма во Вашингтонскиот институт за политика на блискиот исток. Тој е историчар по образивание и е доктор по исторски науки.

Чагаптај докторирал на еден од најпрестижните универзитети во Америка, Универзитетот Јеил, во 2003 година. Тој ја напиша својата докторска дисертација за турскиот национализам.

Освен на Јеил, Чагаптај има предавано на Универзитетот Принстон, Универзитетот Џорџтаун, а има работено на студии и проекти на Институтот за надворешни работи на Стејт департментот.

Пред неколку дена тој го објави списокот на 10-те најпознати Македонци и Македонки во историјата според негово мислење. списокот на личности но и нивното рангирање можеби по малку ќе ве шокира но еве го неговиот избор:

  1. Аристотел
  2. Мустафа Кемал Ататурк
  3. Мохамед Али Паша
  4. Мајка Тереза
  5. Александар Велики
  6. Басил Први
  7. Јустинијан Први
  8. Свети Кирил
  9. Свети Методиј
  10. Клеопатра

Многу интересен избор, поголем дел од имињата на листата ви се познати. Басил Први или Василиј Први е основач на таканаречената македонска династија во Византија која трае од 867 до 1056 година кога Византија или Источното Римско царство ја доживува својата најголема сила. Тој во истотијата е познат како Басил или Василиј Први Македонецот.

Мохамед Али Паша се смета за основач на модерен Египет а е роден во Кавала, Егејска Македонија. Мустафа Кемал Ататурк е ставен на оваа листа бидејќи е роден во Солун, а неговиот татко потекнува од местото Коџаџик во околината на Дебар.

И за нас е најважно е што историчар од ваков формат ги става браќата Кирил и Методиј на листата на десетте најпознати Македонци или Македонки во историјата.

Плус им задава тежок удар и на Бугарите со браќата Кирил и Методиј но и на Грците со Александар Македонски.

Во секој случај многу интересен избор и е убаво да се прочита.