Бугарија стави вето и сега полека се соочува со реалноста на тоа вето.

Ако ги анализираме двете ставања вето во последните 16 години тие се разликуваат како земја и небо. Од многу причини-но клучната причина е дека Грција можеше финансиски да го издржи тоа вето, а Бугарија не може.

Или како што вели поранешниот амбасадор на Германија во Македонија и Бугарија во својата колкумна во Дојче веле: Бугарија не може да си дозволи да го налути Брисел. И, ако Борисов не сака целосно да го изгуби кредитот на доверба (а особено финансиските придобивки), тој ќе мора да се ослободи од Каракачанов. Олигарсите кои имаат најголема корист од европската финансиска помош, веројатно нема да дозволат да се скратат парите од Брисел, вели тој.

Бугарските олигарси ја сакаа Комерцијална банка и Македонскиот Телеком и не го добија и тука почнува бугарската нервоза. Следните два проекти се коридорот 8 и железничката линија. Тие проекти во голем дел ќе се финансираат со европски пари. Можете да замислите колку пари од тоа губат бугарските олигарси.

И тука доаѓаме до заплетот и потоа расплетот на целата работа-а тоа се парите. Меѓу Каракачанов и парите секој олигарх ќе ги одбере парите, а без поддршка на олигарсите Бојко Борисов може само да сонува по изборите во март да биде бугарски премиер.

И ќе гледате како таму ќе доаѓа до фино атерирање и праќање сигнали дека историјата треба да не спојува а не да не дели. А кога ќе читате историја вие тоа ќе го преведувате како многу пари.

Затоа ќе почнат анализите за руската политика на Каракачанов. Амбасадорот Клаус Штамајер пишува на таа тема:

Се чини дека Каракачанов не дејствува само под влијание на неговите предрасуди кон Македонците. Неговото шпионско минато и соработката со Волен Сидеров и Атака сугерираат дека тој ја игра играта на Москва. И се состанува во Скопје со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што ги загуби последните избори во Македонија. Партијата, во чии редови има просрпски, а оттука и проруски сили. Партијата чиј поранешен лидер се крие од прогон во прегратките на Виктор Орбан, вели тој во својата колумна за Дојче Веле.

И тука рољата на Каракачанов се поклопува со таа на дел од раководството на ВМРО ДПМНЕ. Вчера во бугарскиот парламент Каракачанов за прв пат призна дека тие понудиле анекс на договорот од 2017 година. Предложивме да се направи дополнителен документ на Договорот од 2017 година, во форма на анекс, протокол во кој беа утврдени неколку работи, рече тој.

И претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Потпретседателот на партијата, Александар Николоски први се истрчаа да ја објават таа информација и јавно да го прашаат министерот за надворешни работи, Бујар Османи што му било понудено по средбата со неговата бугарска колешка Захариева.

Тогаш Османи негираше дека му било понудено со Бугарите да се потпише договор сличен на Преспанскиот договор, но сега Каракачанов зборува за анекс или дополнителен документ на договорот од 2017 година.

Тоа е уште еден доказ дека таа врска меѓу Каракачанов и врвот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски, Николоски, играчите на Камчев итн. функционира како швајцарски часовник. Лидерите на партијата, за жал, се претворија во портпароли на позицијата и на барањата на Каракачанов, Захариева и на официјална Софија.

И така и тука дојде пораката од Штрамајер преку Дојче Веле. Случајно? Не, во германската дипломатија ништо не е случајно.

Сега ќе почне процес на спасување. Ќе се спасува Бојко, ќе се спасува Красимир, ќе се спасува Камчев, само нивните истурени играчи во опозицијата ќе нема кој да ги спасува.

На крај се ќе се сведе на прашањето-кој е играчот или кои се играчите на Каракачанов во опозицијата кои се дефинирани како проруски и просрпски сили. Така е кога ќе се промашат сите клучни стратегиски поенти.