Корона вирусот може да се пренесе преку респираторни капки, кога зборуваме или кашламе, а ако го анализираме од агол на одредени активности, има и такви што се сметаат за најризични затоа што ја зголемуваат можноста за инфекција.

Група лекари од Тексас направија список на најризични активности, кои беа рангирани од еден до десет.

Така, земањето писмо од поштенско сандаче не носи голема потенцијална опасност од инфекција со корона со вирус, додека посетата на кафулиња и барови се смета за најризично, според податоците од списокот.

Покрај тоа, најризичните активности вклучуваат одење на концерт и спортски стадион, како и присуство на верска служба со повеќе од 500 лица.

Активности со низок ризик од коронавирусна инфекција вклучуваат нарачување храна од ресторани, полнење гориво, играње тенис и кампување. Секој од нив доби оценка 2.

Одењето да се пазарува во супер маркети е оценето само малку поризично, но одењето кај фризер, ракувањето и вежбањето во теретана носи многу поголем ризик, според списокот што можете да го видите овде.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *