Секое средство за дезинфекција го уништува вирусот корона, изјави денеска директорката на Федералната служба за фитосанитарна супервизија на Русија, Ана Попова.

Секое средство за дезинфекција со одредена концентрација е фатално за овој вирус. Односно, без разлика на тоа со што го бришеме, главната работа е да користиме средство за дезинфекција – рече Попова.

Претходно, Роспотребнадзор објави дека државниот научен центар „Вектор“ ги проучувале можноста и способноста на вирусот да остане активен на површините.

Научниците од Вектор утврдиле дека вирусот е одржлив на разни површини (нерѓосувачки челик, линолеум, стакло, пластика, керамички плочки) повеќе од 48 часа и дека неговата способност може да послужи како извор на инфекција. Притоа, третирањето на површините со средства за дезинфекција им овозможува да се очистат од одржливи честички на вирусот за само неколку минути.

Научниците испитувале неколку десетици различни средства за дезинфекција: хлорни соединенија, алкохол, средства засновани на кватерни амониумски соединенија и терцијарни амини. Резултатите покажаа дека сите овие агенси го убиваат вирусот брзо и ефикасно.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *