Кривична пријава е поднесена против Афроамериканецот Џејкоб Блејк, кога полицијата пукала одблизу во американскиот град Кеноша во Висконсин, минатиот месец.

Судските записи покажуваат дека на 6-ти јули, правниот тим на округот го обвинил Блејк за злоставување, сексуален напад од трет степен и поттикнување насилство кое довело до семејно насилство.

Иако во документите се вели и дека налог за апсење на Блејк бил издаден дури другиот ден, на 7-ми јули, тие не даваат повеќе детали.

Откако полицијата неколкупати му пукала во грбот, додека наводно се обидувала да раздвои две жени кои биле во конфликт, Блејк успеал да преживее и сега е во болница, но во критична состојба.


Напишете коментар