Во 1991 година, по враќањето на министерот за одбрана на тогашна СФРЈ, Вељко Кадијевиќ од Москва, и средбата со тогашниот Маршал на СССР, Дмитриј Јазов, кога е јасно дека СФРЈ и комунизмот се распаѓаат, се прави стратегија како газди на најголемите фирми во Македонија да станат најлојалните соработници на службите. Ова во утрешната емисија Во Центар na youtube, која почнува во 22 часот, го објаснува Јанко Бачев, кој од 1994 до 2002 година има работено во македонските служби.

Главен во таа операција е еден Македонец кој во службите беше третиран како агентот Гавран. Кој е агентот Гавран, како е реализирана целата стратегија, колку пари се испрани во последните 30 години, каква е улогата на политиката, за атентатите врз Глигоров и Трајковски, за војната и уште многу ексклузивни работи во новата емисија Во Центар na youtube, недела ( утре ) во 22 часот.

И што е најважно, како е формирана олигархијата и како таа ги контролира сите политички процеси во Македонија.


Напишете коментар