Албанецот од ДИНАМО, Лирим Кастрати беше ставен на столбот на срамот по познатата забава во Загреб.
Едно момче од метохиското село Огоште кај Косовска Каменица предизвика скандал во Хрватска затоа што организираше забава во време на пандеија за неговиот 22-ри роденден.

  • Синоќа Лирим Кастрати имаше роденденска забава во куќата што ја користи, на која присуствуваа неговата девојка и десетина пријатели. Забавата заврши нешто после полноќ. Иако вели дека не направил ништо лошо ниту, пак, роденденската прослава ќе влијае на неговата подготовка за тренинг и натпревари, Кастрати изразува жалење откако објавите на социјалните мрежи и написите објавени во медиумите предизвикаа непријатности за клубот Динамо. Ќе направиме увид на овој настан и соодветно ќе биде казнет – се наведува во соопштението на клубот од Максимир.

Девојка на Кастрати е Анжела Шимац, хрватска фото-модел за облека за пливање и интимна долна облека, која објави видео од забавата на Инстаграм и откри дека ги прекршила епидемиолошките прописи.